„Кроација рекордс“ повторно го објави винилното иадание на култниот албум на „Идоли“, „Одбрана и последни денови“, чија промоција се одржа во Музејот на современата уметност во Загреб.
На промоцијата присуствуваа и членовите на групата Срѓан Шапер и Зденко Колар, како и вдовицата на Влада Дивљан, Дина.
Албумот кој го обележа југословенскиот нов бран е реиздаден по повод 40-годишнината од неговото излегување. Иако музиката многу се промени во изминатите децении, „Одбрана и последни денови“ остана актуелен и инспирација за многу наредни генерации музичари.
Рок критичарите од регионот го прогласија за најдобар југословенски рок албум на сите времиња.