СКОПСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА СВЕТЛИНАТА ВО ПОСКРОМНО ИЗДАНИЕ ПОРАДИ ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Светлосни инсталации и перформанси на десетина македонски автори беа дел од петтото издание на скопскиот Фестивал на светлината (Skopje Light Festival), што се одржуваше во изминатите два дена. Фестивалот оваа година траеше пократко од вообичаено, откако организаторите го прилагодија на актуелната енергетска криза.

Со цел да одговориме на предизвиците на енергетската криза, а да не го доведеме во прашање одржувањето на фестивалот, тој ќе трае само два дена. Сите инсталации и перформанси се со ЛЕД осветлување и со минимална потрошувачка“, најавија организаторите.

Настанот беше во организација на ЈУ Универзална сала и финансиран од Град Скопје.

Фото: К. ПОПОВ