Француската влада објави дека ќе ја зголеми државната поддршка за велосипедизмот во 2023, при што користењето велосипед како превозно средство ќе се промовира и во руралните средини.
Премиерката Елизабет Борн кажа дека ќе се формира фонд од 250 милиони евра за развој на велосипедската инфраструктура и за часови по велосипед за 800.000 училишни деца.
„Возењето велосипед во градовите е во подем во изминатите години. Во следните години сакаме да покажеме дека велосипедот може да биде превозно средство и во рурални средини“, изјави Борн.
Таа додаде дека благодарение на 14.000 километри нови велосипедски патеки и субвенциите за купување и поправка на велосипеди, тие станале најпродаваното превозно средство во Франција, со 2,7 милиони купени велосипеди во 2021.
(Фото: АФП)