„Круна“ се враќа на „Нетфликс“ во почетокот на ноември. Петтата сезона на драмската серија за Елизабета Втора и британското кралско семејство ќе има премиера на 9 ноември, два месеца по смртта на кралицата.
Во новата сезона, Имелда Стонтон ја презеде круната од Оливија Колман, Елизабет Дебики е новата принцеза Дијана, а Доминик Вест е принцот Чарлс, од неодамна Чарлс Трети. Други нови имиња се Лесли Менвил како принцезата Маргарет и Џонатан Прајс како принцот Филип.
Петтата сезона треба да ги покрие турбулентните 1990-ти, кога се распаѓа бракот на Чарлс и Дијана.
„Круна“, која ќе има и шеста сезона, досега освои 22 Еми награди.
(Фото: АП)