ДЛУМ ГО ОТВОРА ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА ИЗЛОЖБАТА „ГОЛЕМ ФОРМАТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Нововостановената изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија „Голем формат“ ќе се отвори вечерва во Домот на АРМ во 20 часот и ќе може да се погледне до 25 октомври. Селектирани се 25 уметници со различен пристап кон техниките сликарство, скулптура, цртеж, колаж, експериментални техники и графика.

На изложбата учествуваат Ана Ивановска, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ, Ацо Таневски, Давор Ќешќец, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Али, Ивона Велковска, Ирена Паскали, Јасмина Новковска, Љубица Мешкова-Солак, Марија Светиева, Мирослава Трујкановиќ, Мице Јанкуловски, Нела Јанковска, Никола Пијанманов, Перо Кованцалиев, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Стефан Хаџи Николов, Тања Таневска, Татјана Манева и Урош Вељковиќ.

Наградата за најдобро дело во голем формат ќе му биде доделена на Слободан Живковски за делото насловено „Демократски тоталитаризам“.