Втората вечер од третото издание на Котон блуз фестивал ќе се одржи вечерва во Кинотеката, а програмата почнува во 19 часот.
Котон блуз фестивал оваа година го промени форматот, па е поделен во два дела. И додека првата вечер беше посветена на домашната блуз сцена, за денеска се најавени реномирани гости од странство.
Специјално од САД допатува пејачот и хармоникаш Тони Холидеј, кој ќе биде придружуван од домашни блузери, додека Марта Суње ќе настапи во тандем со гитаристот Џони Биг Стоун. Попозната како Свит Марта, Суње е една од ретките блузерки во Шпанија која свири усна хармоника.
Организатор на фестивалот е екипата од „Блуз фамилија“, која го почна среде пандемијата во 2020.