ПЕТ ШКОЛИ ЈА ДЕЛАТ НАГРАДАТА ОД 250.000 ДОЛАРИ КАКО НАЈДОБРИ УЧИЛИШТА НА СВЕТОТ

Лондон, (Ројтерс)

Школи од Шкотска, Уганда, Чиле, Филипини и САД триумфираа на првото издание на Наградите за најдобри училишта на светот (World’s Best School Prizes) за успеси како спасување мангрови и проширување училници во област зафатена со војна.

Петте училишта ќе поделат награда од 250.000 долари за поддршка на ученици и заедници, особено во времето на пандемијата. Настанот го организираше глобалното тело T4 Education.

Меѓу добитниците е рурално школо од северна Уганда, кое почна со две училници, а денес го посетуваат 450 ученици, откако локалните жители ги израмниле патиштата и засадиле зеленчук за училишни оброци.

Средното училиште „Кјури“ од Чикаго ја доби наградата за воведување уметнички програми за учениците, од кои многумина се од малцинствата.

Основано за време на пандемијата, T4 Education ги обединува наставниците од цел свет преку дигитална платформа која обезбедува образовни алатки и иницијативи.