КАЊЕ ВЕСТ ГУБИ СТОТИЦИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗАШТО СИТЕ ГО НАПУШТААТ ПОРАДИ НЕГОВОТО ПРОБЛЕМАТИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Кање Вест наводно го изгубил статусот на милијардер откако „Адидас“ вчера го прекина нивното партнерство вредно 250 милиони долари, по што многумина се запрашаа дали е ова крај на кариерата на музичкиот и моден могул.

Адидас“ соопшти дека моментално ја раскинува соработката со Вест зашто „не толерира антисемитизам и каков било говор на омраза“, опишувајќи ги неговите последни коментари како неприфатливи, опасни и полни со омраза. Производството и продажбата на продуктите од брендот „Јизи“ се прекинати, исто како и плаќањата на Вест и неговите фирми.

Адидас“ и Вест соработуваа од 2013, што беше опишано како „најзначајно партнерство креирано помеѓу спортска компанија и неспортска личност досега“.

Во рок од само две недели, Вест беше отпуштен од неговата талент агенција, „Баленсијага“ и „Вог“ јавно ги прекинаа односите со него, а беше стопиран и документарен филм за неговиот живот. „Гап“ вчера објави дека ги повлекува производите на „Јизи“ од своите продавници, а стриминг платформите „Спотифај“ и „Епл“ се под притисок да ја отстранат неговата музика.

Однесувањето на Вест, кој си го промени името во Је, веќе неколку години е проблематично откако почна да се приклонува кон десничарската идеологија. Оттогаш, тој имаше низа јавни навредливи испади и коментари, во кои особено ја напаѓаше црната заедница.

(Фото: АП)