ФОТОГРАФИЈА НА ТОМИСЛАВ ГЕОРГИЕВ ПОБЕДИ НА ХОЛАНДСКИОТ КОНКУРС „ВОДА=ЖИВОТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот фотограф Томислав Георгиев ја освои главната награда на глобалниот фотоконкурс „Вода=Живот“, организиран од министерството за надворешни работи на Холандија.

На конкурсот учествуваа над 140 фотографи од целиот свет, а жирито составено од професионални фотографи, фоторепортери и експерти за вода од холандското МНР ја избраа фотографијата на Георгиев која прикажува човек кој ги чисти тревите и ѓубрето од Црн Дрим во Струга.

Победникот не само што ни помага да ги разбереме предизвиците во врска со водата со кои сме соочени, туку и нè охрабрува да преземеме нешто во врска со тоа“, изјави Натали Ојлслагер, програмска директорка на Конференцијата за вода на ОН 2023.