КАТАР ГО ОРГАНИЗИРА НАЈСКАПИОТ ФУДБАЛСКИ МУНДИЈАЛ ВО ИСТОРИЈАТА, А НЕ ДОЗВОЛУВА ДА СЕ ПИЕ ПИВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска се отвора 22. Светско фудбалско првенство, прво што не се игра во вообичаениот термин јуни/јули. Изборот на Катар беше контроверзен од самиот почеток, зашто е попознат по лошите извештаи за човекови и работнички права отколку по фудбалот. Затоа ФИФА ги повика учесниците да се фокусираат на фудбалот и да не го вовлекуваат спортот во политички и идеолошки битки.

  • Мундијалот во Катар е прв што се игра во есен (од денеска до 18 декември) и чиј домаќин е земја од Блиски Исток.
  • Ова ќе биде последно СП со 32 репрезентации, чиј број ќе се зголеми на 48 за четири години.
  • Со само 350.000 локални жители, Катар е најмалата држава која организирала фудбалско СП. Во исто време, се очекува доаѓањето на 1,2 милиони странски навивачи, кои нема да смеат да пијат пиво на стадионите.
  • Со вложените над 200 милијарди долари, ова е убедливо најскапото светско првенство во историјата.
  • Јамашита Јошими, Салима Мукансанга и Стефани Фрапар се први жени кои ќе судат мундијалски натпревари.
  • Лео Меси, Кристијано Роналдо и Мексиканците Андрес Гвардадо и Гилермо Очоа се на своето петто СП, со што го делат рекордот со Антонио Карбахал, Лотар Матеус и Рафаел Маркес.
  • Баерн има најмногу играчи на СП – 17-мина, следен од Манчестер јунајтед и Барселона со по 16-мина.
  • Со 17 години, Германецот Јусуфа Мукоко е најмладиот играч во Катар, додека 40-годишниот мексикански голман Алфредо Талавера е најстариот.

(Фото: АП)