Кристијано Роналдо собори уште еден рекорд откако стана првата личност со повеќе од 500 милиони следбеници на Инстаграм. На второто место е неговиот голем ривал од фудбалските терени Лео Меси, кој има 376 милиони.
Нивната заедничка фотографија како играат шах во рекламата на „Луј Вутон“ досега има собрано речиси 38 милиони лајкови.
Роналдо и Меси се единствените спортисти меѓу десеттемина најпопуларни личности на оваа социјална мрежа. На третото место е Кајли Џенер со 372 милиони следбеници, па следуваат Селена Гомес (357) и Двејн Џонсон (348).