БИЛИ АЈДОЛ СО ВНУЦИТЕ ЈА ОТВОРИ СВОЈАТА ЅВЕЗДА НА ХОЛИВУДСКАТА ПАТЕКА НА СЛАВНИТЕ

Лос Анџелес, (Вараети)

Панк рок иконата Били Ајдол е првата личност која доби ѕвезда на холивудската Патека на славните оваа година, а вкупно 2.743-та досега. На церемонијата на булеварот Холивуд го придружуваа членовите на неговиот бенд, но и семејството, вклучувајќи ги четворицата внуци.

Навистина е лудо што стојам на ова место со една ваква награда. Поминаа 47 години од моите почетоци со ‘Џенерејшн Екс‘ и 35 години откако првпат бев тука и никогаш не сум можел да замислам вакво нешто. Почнавме во средина на 1970-ите во панк рок времето и не се надевавме на многу. Решивме да го правиме тоа што го сакаме, но не верував дека ќе трае олку долго. Затоа е ова уште поневеројатно“, изјави 67-годишниот Ајдол.

Тој продаде повеќе од 40 милиони албуми во кариерата и беше една од првите ѕвезди на Ем-Ти-Ви. Лани објави миниалбум насловен „The Cage“.

(Фото: Гети)