ПОТОНАТ БРОД ОД 15. ВЕК ЌЕ СЕ СОСТАВУВА КАКО НАЈГОЛЕМАТА 3-Д СЛОЖУВАЛКА НА СВЕТОТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Со речиси 2.500 делови, должина од 30 метри и тежина од 25 тони, ова се нарекува најголемата 3-Д сложувалка на светот. По 20 години макотрпно реставрирање, археолозите конечно можат да почнат да ги составуваат остатоците од брод од 15. век, пронајдени во река во јужен Велс.

„Овој брод е од глобално значење и интерес“, изјави историчарот Ден Сноу.

Триесетметарскиот брод потонал во река во Велс во 1468 или 1469

Експертите работат на конзерваторскиот проект „Њупорт шип“ од пронаоѓањето на една третина од бродот и илјада средновековни артефакти во 2002 година. Сите дрвени делови сега се целосно исушени и реставрирани и тимот кој работи на овој повеќемилионски проект планира да го состави бродот.

„Треба да составиме огромен брод, а немаме инструкции. Ќе има многу монтирања, проверки и расклопувања. Низ светот има изложени археолошки бродови, но ниеден од 15. век. Затоа ова е уникатен средновековен брод“, изјави кураторот на проектот Тоби Џонс.

Триесетметарскиот брод бил на пат од Пиринејскиот Полуостров до Бристол кога потонал во реката Аск во 1468 или 1469 година.