ХОТЕЛ НА ФРАНЦУСКО-ШВАЈЦАРСКАТА ГРАНИЦА ОВОЗМОЖУВА ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СЕ ПРЕСТОЈУВА ВО ДВЕТЕ ДРЖАВИ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Благодарение на малку познат меѓународен договор од 19. век, еден хотел во планините Јура на француско-швајцарската граница нуди уникатно искуство.

Изграден во рурален стил својствен за овој дел од Европа, семејниот хотел „Арбез“ во селото Ла Кур има особеност да се наоѓа на самата граница, што им овозможува на гостите истовремено да престојуваат во двете држави.

Необичната поставеност на хотелот е последица на Договорот од Дапес од 1862 година, со кој Франција и Швајцарија се согласиле на мала размена на територии. Во договорот била внесена одредба сите згради долж границата да останат на своето место, што го искористил локален претприемач за да отвори продавница и кафеана. Во 1921 го отворил и хотелот.

Невидливата меѓународна граница минува низ ресторанот (Фото: Си-Ен-Ен)

Така една половина од хотелот се наоѓа во Франција, а другата во Швајцарија, а невидливата меѓународна граница минува низ ресторанот и неколку соби, а внатре и преку кревети. Тоа значи дека гостинот може да спие со главата во Франција, а со нозете да биде во Швајцарија.

Хотелот прима и евра и франци, но има два телефонски броја, по еден за двете држави. Даноците се плаќаат на двете држави.

Кога Швајцарија се приклучи на Шенген зоната во 2008, тоа ги направи работите малку поедноставни, но во реалноста, имаше мал практичен ефект врз секојдневното работење на хотелот, бидејќи ова отсекогаш бил порозен прекуграничен простор.

(Фото: Си-Ен-Ен)