ИСТРЧА 150 МАРАТОНИ ЗА 150 ДЕНА И ЈА ПОМИНА АВСТРАЛИЈА ОД ЕДНИОТ ДО ДРУГИОТ КРАЈ

Сиднеј, (Би-Би-Си)

Пет месеци откако тргна од еден крај на Австралија, маратонката Ерчана Мареј-Бартлет оваа недела стигна до јужниот раб на земјата. Триесет и двегодишната Мареј-Бартлет го заврши своето 6.300 километри долго патување, откако 150 дена секој ден трчаше маратон.

Покрај тоа што постави нов светски рекорд за најмногу истрчани маратони по ред во женска конкуренција, Мареј-Бартлет собра 70.000 долари за заштита на природниот свет.

Мареј-Бартлет професионално трча со години, но откако не успеа да се квалификува за Олимпијадата во Токио, си пронајде нова цел: да ја истрча Австралија по целата должина и притоа да ја крева свеста за исчезнувањето на австралиските животински и растителни видови.

Австралија располага со еден од најбогатите биодиверзитети на светот, но и ја има една од најлошите стапки на неговото губење.

„Дневно трошев меѓу 5.000 и 6.000 калории, што е трипати повеќе од просечните потреби на жени. Имав изгореници, болки и плускавци и не постои инсект кој не ме каснал. Имав навистина тешки денови и често се преиспитував зошто го правам ова“, призна Мареј-Бартлет.

(Фото: Гети)