„МЕТАЛИКА“ ЌЕ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ АЛБУМ ВО КИНОСАЛИТЕ НИЗ СВЕТОТ НА 13 АПРИЛ

Сан Франциско, (НМЕ)

„Металика“ објави дека ќе го промовира новиот албум „72 Seasons“ во киносалите низ светот на 13 април, ден пред неговото официјално излегување. Картите за настанот наречен „Глобална премиера“ ќе бидат пуштени во продажба на 2 март.

„Ова ќе биде огромна можност за фановите на ‘Металика‘ први да го преслушаат новиот албум во пресрет на неговото излегување“, се вели во соопштението на бендот.

Секоја од 12-те песни од албумот ќе бидат придружени со видеоспот и ексклузивни коментари од членовите на групата. Албумот трае 77 минути.

„Металика“ веќе објави две песни од новиот албум, кој следува седум години по „Hardwired… to Self-Destruct“.

(Фото: Фејсбук)