Италијанскиот уличен уметник ТвБој (TvBoy) внесе малку боја во тмурната реалност на Киев и околните градови, украсувајќи оштетени згради со мурали.
„Секој ден нов мурал во Киев, Буча и Ирпин“, напиша ТвБој на Твитер, најавувајќи го својот проект.
На муралите доминираат националните бои на Украина, сината и жолтата.
„Сликата на бомбардиран стадион во Ирпин создава болка и во очите и во срцето. Дали беше погоден по грешка или тоа беше чин на терор за да се деморализира населението? И покрај сето уништување, децата на Ирпин гордо продолжуваат да играат фудбал“, напиша ТвБој на Твитер, осврнувајќи се на еден свој мурал.
(Фото: Твитер)