Босанскиот пејач Божо Вреќо и српскиот пијанист Васил Хаџиманов ќе бидат солисти на концертот „Севда“ на Филхармонијата, што ќе се одржи в четврток од 20 часот, под диригентство на Дијана Имери-Илкоска.
Концертот се организира во чест на Денот на вљубените, а на програмата се класични љубовни песни од Балканот, испеани од Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, Александар Сариевски и Шабан Бајрамовиќ. Аранжманите за симфониски оркестар ги подготви Имери-Илкоска.
„Вреќо е пејач кој ги ‘оживеа’ севдалинките и ги однесе во сосема нов правец со специфичноста на својот глас. Неговите изведби се длабоки и емотивни. Тој самиот за себе вели дека е човек кој животот го сфаќа на лирски, музички начин“, велат од Филхармонијата.
(Фото: Фејсбук)