„ПРЕЕКСПОНИРАНО“ НА ВЕНИНОВА ВО ГЛАВНАТА СЕЛЕКЦИЈА НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО КАТАНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Преекспонирано“, дебитантскиот игран филм на Елеонора Венинова, ќе се натпреварува во главната селекција на КинЕст фест во Катанија, Италија. Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на источна и централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај.

„Преекспонирано“ ќе се прикаже на 7 и 8 мај, а Венинова ќе одржи и работилница.

Светската премиера на „Преекспонирано“ се случи на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември минатата година. Азиската премиера беше на фестивалот во Пуне (Индија), а наскоро се очекува и домашната премиера.

Улогите ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска и Марјан Наумов.