Стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“ се ребрендираше во „Макс“ и како свои први големи проекти ги најави серија за Хари Потер и уште една приквел серија на „Игра на тронови“.
Серијата „Хари Потер“ е опишана како верно прераскажување на книгите на Џек Кеј Роулинг, при што ќе има сосема нови актери. Секоја сезона ќе се фокусира на една од седумте книги, но од „Макс“ предвидуваат дека серијата би можела да трае и десет години.
Новата серија од светот на Џорџ Р. Р. Мартин е насловена „A Knight of the Seven Kingdoms: The Hedge Knight“ и ќе биде сместена во Вестерос 100 години пред случувањата во „Игра на тронови“. Ќе ги следи авантурите на витезот Данкан Високиот и Егон Таргарјен. Мартин ќе биде еден од сценаристите.
Најавена е и серија за Пингвин, ликот од Бетмен, при што во насловната улога ќе биде Колин Фарел.