Црните фустани од неодамнешните Златни глобуси беа заменети со креации во живи бои на синоќешното доделување на наградите на Здружението на филмски актери (САГ).
Црвениот килим на Златните глобуси на почетокот на месецов беше претворен во парада во црно, во знак на поддршка на кампањата против сексуалното малтретирање на работно место, „Времето истече“.
Синоќа, Алисон Џени, Кристен Бел и многу други актeрки покажаа дека можат да владеат со кој било црвен килим, без оглед на кодексот на облекување.
„Три билборди пред Ебинг, Мисури“ е прогласен за филм на годината, а меѓу добитниците на наградите беа и: Гери Олдман (најдобар актер за улогата во „Најтемниот час“), Френсис Мекдорманд (најдобра актерка во „Три билборди пред Ебинг, Мисури“), Сем Роквел (најдобра споредна улога за „Мисури“) и Алисон Џени (најдобра споредна улога за „Јас, Тонја“). Морган Фримен доби награда за животно дело.