Лео Меси е на пат да му се придружи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија, откако добил и официјална понуда од тамошниот клуб Ал-Хилал, вредна околу 400 милиони долари годишно. Веќе е потврдено дека Меси ќе го напушти Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната и Ал-Хилал е единствениот клуб засега кој излегол со конкретна понуда за него.
Како други можни дестинации на Меси се споменуваат враќањето во Барселона и американскиот клуб Интер Мајами.
ПСЖ го суспендираше Меси на две недели откако тој заминал службено во Саудиска Арабија без да го извести клубот. Меси е амбасадор на саудискиот туризам.
Кристијано Роналдо од јануари игра за Ал-Наср за годишна плата од 200 милиони евра, која важи за највисока во историјата на фудбалот.