Прославениот американски диџеј и продуцент Стив Аоки ја предводи листата учесници на годинашното издание на Охрид колинг. Фестивалот на електронската музика, што го организира „Авалон продукција“, ќе се одржи од 31 јули до 3 август во охридската касарна.
Како други главни ѕвезди се најавени босанско-шведскиот диџеј Салваторе Ганачи, Данецот Мортен и Англичанецот Џонас Блу, за кого се вели дека ова ќе биде негов прв настап на Балканот.
Во четирите фестивалски дена ќе настапат вкупно 17 диџеи, меѓу кои и неколкумина домашни.
Продажбата на блок картите за целиот фестивал почнува утре, по цена од 3.500 до 6.000 денари.
(Фото: Фејсбук)