Утре (26 мај) во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложба на македонски музички плакати.
Излoжбата е дел од четвртото издание на Скопски Градски фестивал, во организација на „Баги комуникации“.
„На изложбата ќе бидат претставени 40 плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении и истата е своевиден пресек и документ на македонскиот музичкиот дизајн“, велат организаторите.