ПРОЕКЦИЈА НА ПРЕТСТАВАТА „ДОНКА – ПИСМО ДО ЧЕХОВ“ УТРЕ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Утре од 19 часот, во Кинотеката ќе се прикаже претставата „Донка – Писмо до Чехов“ од Даниеле Финци Паска и неговата трупа, што е дел од проектот „Театар на платно“. Претставатa е направена во 2010 во Русија по повод 150 години од раѓањето на Чехов.

„Театар на платно“ го организира компанијата „АртАктУм“, која во Скопје ја основаа реномираниот македонски режисер Иван Поповски, кој речиси 30 години живееше во Русија и неговата сопруга, театарската продуцентка Татјана Дешко. „АртАктУм“ успеа да ги добие правата за само еднаш да ја прикаже претставата на големото платно пред македонската публика.

Потоа ќе има разговор со Ана Стојаноска – театролог, писателка, професорка на ФДУ и директорка на фестивалот „Војдан Чернодрински“, Зоја Бузалковска – режисерка и професорка на ФДУ и со Небојша Вилиќ – историчар на уметноста и професор на ФДУ.