Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес доби ново катче, овојпат историско со книги, публикации и изданија од Државниот архив на Република Северна Македонија. Содржи 128 книги кои научните работници, наставниците и професорите по историја, учениците, студентите и сите граѓани ќе можат да ги користат за свои потреби.
Во иднина, ова историско катче ќе се надополнува со нови публикации, зборници и изданија од Државниот архив.
Велешката библиотека има неколку специјализирани катчиња: за лица со оштетен вид, француско, англиско, за роднокрајни автори од Велес и Велешко и за одредени наслови.
П. ПЕЧКОВ