ТЕЈЛОР СВИФТ ЗАРАБОТУВА 13 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПО КОНЦЕРТ НА АКТУЕЛНАТА ТУРНЕЈА

Њујорк, (Блумберг)
US singer-songwriter Taylor Swift performs onstage on the first night of her "Eras Tour" at AT&T Stadium on March 31, 2023, in Arlington, Texas. (Photo by SUZANNE CORDEIRO / AFP)

Актуелната турнеја на Тејлор Свифт би можела да биде со најголем приход во историјата, откако беше пресметано дека таа заработува над 13 милиони долари од продажбата на карти за еден концерт. Ако кон оваа сума се додадат приходите од продажбата на брендирани производи, 33-годишната Свифт е на пат да стане првиот музичар кој заработил над милијарда долари од една турнеја.

Според публикацијата „Полстар“, турнејата „Ери“ заработила 300 милиони долари од досегашните 22 концерти, а планирани се уште 50-ина во САД, по што Свифт продолжува во странство. Се проценува дека целата турнеја би можела да донесе приход од 1,3 милијарди долари, што би бил рекорд во музичката историја.

Просечната цена на картата за концерт на Свифт е 254 долари. Седуммина од најпродаваните 25 музичари оваа година наплатувале повеќе од 200 долари за карта. Пред пет години беа само двајца, Селин Дион и Бритни Спирс.

Пред 2018, картите чинеа меѓу 75 и 130 долари. Истата таа година, Свифт последен пат беше на турнеја, кога цената да се гледа во живо била пониска за 134 долари во однос на сега. Тоа сепак не спречи 1,1 милион луѓе да купат карта за турнејата „Ери“.

(Фото: АФП)