Остатоците од Театарот на Нерон, кој се спомнува во древни римски текстови, но никогаш не бил пронајден, се откриени под градината на иден хотел „Фор сизонс“ недалеку од Ватикан.
Археолозите вршат ископувања длабоко под градината на Палацо дела Ровере од 2020, како дел од планираното реновирање на средновековната зграда и го опишаа новото откритие како исклучително.
Изграден во првиот век, театарот бил именуван според Нерон, кој владеел како римски император од 54 година до неговата смрт во 68 година.
Археолозите пронашле мермерни столбови и гипс украсен со златни листови, заклучувајќи дека театарот што се спомнува во текстовите на Плиниј Постариот навистина се наоѓал на ова место, веднаш до реката Тибер. Официјални лица кажаа дека пронајдените помали антиквитети ќе бидат префрлени во музеј, додека остатоците од театарот повторно ќе бидат закопани откако ќе завршат сите истражувања.
(Фото: АП)