Првата од двете супермесечини во август го осветли небото ноќеска. Супермесечина е всушност полна месечина која е поблиску до Земјата од вообичаено, па затоа изгледа поголемо и посветло.
Следната супермесечина е на 30 август, а бидејќи е втора во ист месец, ќе се вика сина месечина. Две супермесечини во еден месец нема да се повторат до 2037 година.
(Фото: Ѓ. Личовски)