ВЕЛЕШКОТО ТРИО „ДАМАР“ ИЗВЕДЕ МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ НА ФЕСТИВАЛ ВО АНТИЧКИ ТЕАТАР ВО РИМ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Велешкото трио „Дамар“ настапи во Рим на фестивалот Кончерти дел Темплето, каде што премиерно ја изведе композицијата „Македонска елегија“. Концертот на Менка Богоевска, Васил Богоевски (виолина) и Илија Настовски (пијано) се одржа во античкиот театар Марчело во срцето на Рим. Фестивалот одбележува 35 години постоење.

„Дамар“ настапи со дела од Бах, Вивалди, Пахелбел, Шостакович и Крајслер, а беше изведена и композицијата „Македонска елегија“, која претставува сплет од народните песни „Што ми е мило на Којник дуќан да имам“, „Елено ќерко“ и „Дафино вино црвено“, во аранжман на Трајче Малинов и Илија Настовски.

П. ПЕЧКОВ