Мерил Стрип ќе игра во втората сезона на ТВ-серијата „Големи мали лаги“, за која што Никол Кидман годинава доби Златен глобус за најдобра актерка.
„Ејч-Би-О“ изјави дека Стрип ќе ја игра Мери Луис Рајт, свекрвата на ликот на Кидман, Селест. Мери Луис доаѓа барајќи одговори за насилната смрт на нејзиниот син Пери, кој го играше Александер Скарсгард, што се случи во првата сезона од серијата.
Никол Кидман и Рис Витерспун се во главни улоги и ја продуцираат серијата, која ги доби наградите Еми и Златен глобус за најдобра минисерија. Кидман, Скарсгард и Лора Дерн, исто така, повеќепати беа наградени.
Неделава, Стрип ја доби 21. номинација за Оскар за нејзината улога во новинарската драма „Пост“ на Стивен Спилберг.
Сѐ уште не е одреден датумот на премиера на втората сезона од серијата.