Утре напладне, во Музејот на современата уметност во Скопје со личен водич ќе може да се погледне изложбата „Дефрагментација“. Ова ќе биде последна можност кустосот Бојана Јанева да ги доближи посетителите до делата подарени од уметници од централноевропските земји бидејќи изложбата ќе биде отворена само уште две недели.
На изложбата „Дефрагментација“ се претставени дела од колекцијата на МСУ, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Изложени се 96 дела од 86 уметници, создадени во периодот од 1905 до 1989 година.
Ова ќе биде проследено со матине на тремот на МСУ, а за најмладата публика ќе биде организирано детско катче, каде што ќе можат да цртаат инспирирани од изложбата.