МЕСТО ДЕЛО НА ВАН ГОГ, МУЗЕЈ МУ ПОНУДИ ЗЛАТНА ВЦ ШОЛЈА НА ТРАМП

Њујорк, (Би-Би-Си)

Музејот „Гугенхајм“ во Њујорк го одбил барањето на Доналд Трамп за изнајмување на дело од Винсент ван Гог за Белата Куќа и, место тоа, му понудиле златна ВЦ шолја, јавуваат локалните медиуми.

Музејот се извини што не можел да го снабди претседателот со снежниот пејсаж на Ван Гог, притоа препорачувајќи му изнајмување на „убава, 18-каратна тоалетна школка“ како алтернатива.

Од Белата куќа нема коментар. Според кураторката на музејот, Ненси Спектор, Белата куќа ја побарала сликата минатиот септември.

Спектор кажа дека сликата на Ван Гог е дел од важна колекција на музејот и нејзино преместување се дозволува само во ретки прилики. Меѓутоа, златната ВЦ шолја на италијанскиот уметник Маурицио Кателан може да се изнајми за „подолго време“.

„Иако е деликатен уред, постојат сите инструкции за нејзини инсталација и одржување“, додаде Спектор.

Изложената ВЦ шолја е сатирична симболика на богатата класа на САД.