АКТЕРКАТА АЊА ТЕЈЛОР-ЏОЈ И МУЗИЧАРОТ МАЛКОЛМ МЕКРЕЈ СЕ ВЕНЧАА ВО ВЕНЕЦИЈА

Њујорк, (Пипл)

Актерката Ања Тејлор-Џој се венчаше викендов во Венеција со австралискиот музичар Малколм Мекреј. Венчавката се одржала во палатата Пизани Морета од 15. век, каде што 27-годишната ѕвезда на серијата „Дамски гамбит“ беше снимена во венчаница на „Диор“.

Меѓу 150 гости на венчавката беа и актерите Мајлс Телер, Џулија Гарнер и Николас Хоулт, со кого Тејлор-Џој играше во „Мени“ и моделот Кара Делевињ.

Тејлор-Џој на балконот на историската палата Пизани Морета (Фото: Икс)

Тејлор-Џој и Мекреј се запознале на премиерата на „Дамски гамбит“ во 2021 и два дена подоцна тој напиша песна за неа насловена „Навистина сакам да те видам повторно“ и се сними како ја пее на Инстаграм. Дури една година подоцна, тие првпат заедно се појавија во јавност на предоскаровската забава во Холивуд.

(Фото: Гети)