ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ДЕТСКА СЛИКОВНИЦА ОД КОСТА ПЕТРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва од 19 часот, во кафе барот „Филхармонија“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на шестата книга на Коста Петров, „Сè што би сакал да знаев порано“, во издание на „Три“. На настанот ќе биде промовирана и детската сликовница „ЈАС и ТИ (Како ЈАС стана суперхерој)“, која е всушност адаптација на книгата и е прва сликовница на авторот.

„Во секој од нас постои дел што никогаш не расте – детете кое некогаш сме биле. Ова внатрешно дете нè учи да сонуваме големи соништа, ја буди радоста во нас, но знае да донесе и солзи и грижи. Ова е книга за сите верувања што ги поседува детето во нас и како тие ја обликуваат личноста која сме денес“, вели Петров.

Коста Петров е претприемач, автор и мотивациски говорник. Досега објавил пет книги со над 50.000 продадени примероци.