Делови од светот утре (14 октомври) ќе бидат почестени со спектакуларен небесен настан – прстенесто затемнување на Сонцето. Феноменот ќе биде видлив во делови од САД, Мексико и Централна и Јужна Америка.
Затемнувањето се случува кога Месечината поминува покрај Земјата и Сонцето, блокирајќи најголем дел од сончевата светлина. Ова се вика прстенесто зашто останува видлив само тенок круг, односно прстен светлина.
„Прстенесто затемнување се случува само кога Месечината е во најоддалечената точка од Земјата. Од наша перспектива, таа не ја блокира целосно сончевата светлина, туку останува тој неверојатен прстен од оган околу Месечината“, вели д-р Никол Фокс од НАСА.