В четврток (19 октомври) во 19 часот, во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во објектот Сули Ан во Старата скопска чаршија ќе биде отворена втората самостојна изложба на фотографот Денис Јагџи насловена „Паралелни светови“. На изложбата тој обработува еден сегмент од денешнината – современиот технолошки свет во кој побргу комуницираме.
Денис Јагџи е роден во 1996 во Призрен. Дипломирал на катедрата по фотографија на Факултетот за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима во Скопје во класата на Роберт Јанкулоски и Елена Бојаџиева.
Неговата прва самостојна изложба како дел од дипломскиот труд, насловена „Портрет на градот”, беше изложена во Мала станица во Скопје во 2019. Неговите фотографии биле дел од повеќе групни изложби во Македонија.