В понеделник (30 октомври) од 11 до 16 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи Саемот за студии во Франција. На настанот ќе зборуваат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и Марко Ѓоргиевски, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности „Еразмус плус“.
Саемот е средба на средношколци, студенти и универзитетски професори кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција или да остварат универзитетска соработка. Присутните ќе имаат можност да добијат понуди за студиски програми од претставници на француските универзитети, како и информации за студентскиот живот во Франција.
Настанот е во организација на Францускиот институт и француската агенција за високо образование „Кампус франс“.