ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА НА ДЛУМ НА 1 НОЕМВРИ ВО МАЛА СТАНИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се отвори во Мала станица утре (1 ноември) во 20 часот. Таа претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ.

„Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно-историски контекст, бидејќи дава директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ. Таа е неселективна, со цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники и да им овозможи на сите учесници-членови на ДЛУМ јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во период од една година“, вели Друштвото.

Традиционално, ќе се доделат четири награди: за сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.

(Фото: ДЛУМ)