ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ФОКУСОТ НА 31. ИЗДАНИЕ НА СКОМРАХИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Триесет и првото издание на Меѓународните средби на студенти од драмските академии Скомрахи во Скопје ќе се одржи од 1 до 5 ноември.

На сцената на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ќе се изведат осум театарски претстави и ќе се прикажат 25 филмови на студенти од Романија, Србија, Полска, Хрватска, Косово, Албанија, Шпанија, Белгија, БиХ, Турција, Црна Гора, Чешка. Иран и Германија, како и од ФДУ.

„Како и во изминатите 31 година, средбите се простор за креативност, енергија и пасија на студентите – новите Скомраси. Како и во минатото, така и денес, тие продолжуваат да размислуваат и создаваат со поглед и кон иднината со сите нејзини предизвици. А, на годинашното издание акцентот го ставаат и на своите ‘улоги’ во уметноста во новото време, што се одликува со сѐ поголемата ‘улога’ на вештачката интелигенција“, вели програмската директорка на Скомрахи, Слаѓана Вујошевиќ.

Отворањето е на 1 ноември во Драмскиот театар во Скопје со краткиот филм „Тага“, во режија на Тина Величковиќ и со дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“, во режија на Борис Василески, и едното и другото целосно создадени од студентите на ФДУ.

Влезот е слободен.