РЕДОК СИН ДИЈАМАНТ БИ МОЖЕЛ ДА СЕ ПРОДАДЕ НА АУКЦИЈА ЗА 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Женева, (Ројтерс)

Најголемиот чисто син дијамант кој досега се нашол на аукција би можел да достигне цена од 50 милиони долари на аукција во Женева на 7 ноември, објави „Кристис“. Познат како Блу ројал, дијамантот, кој е поставен на прстен, е меѓу најретките досега ископани.

„Она што Блу ројал го прави толку редок и посебен е неговата големина. Со 17,5 карати, тој е најголемиот од својот вид. Бојата е природно многу богата и внатрешно е беспрекорен“, изјави Рахул Кадакија, шефот на одделот за накит во „Кристис“.

Во 2016, „Кристис“ продаде редок син дијамант од 14,6 карати за повеќе од 57 милиони долари.

„Се надеваме дека Блу ројал ќе го надмине. Постои голем интерес од колекционери низ цел свет“, кажа Кадакија.