ДУА ЛИПА ПРОМОВИРАШЕ НОВ СИНГЛ НА ТАЕН НАСТАН ВО ЛОНДОН КАКО НАЈАВА НА ТРЕТИОТ АЛБУМ

Лондон, (Ројтерс)

Дуа Липа објави нов сингл на таен настан со фанови во Лондон. Песната „Худини“ е првиот сингл од нејзиниот трет студиски албум, кој треба да излезе следната година.

Дваесет и осумгодишната британска пејачка со косовско потекло претходно сними песна за саундтракот на филмот „Барби“.

Ќе има три изненадувачки промоции на ‘Худини‘ во Лондон, Лос Анџелес и Токио. Првата ќе биде во Лондон и ќе поканам некои мои фанови од Британија и други делови на Европа“, најави таа на 6 ноември на социјалните мрежи.

Најсреќните фанови имаа можност да го видат спотот за песната, во присуство на самата пејачка.

Последниот албум на Дуа Липа, „Future Nostalgia“ од 2020, беше голем хит во светски рамки и ѝ донесе Греми за најдобра поп пејачка.

(Фото: Гети)