Групацијата „Рено“ лансираше потполно нова автомобилска марка „Ампер“, под која ќе се развиваат и произведуваат исклучиво електрични автомобили. Целта е електричните возила да се направат подостапни за европските купувачи, а првиот модел ќе биде претставен оваа недела.
Извори од компанијата кажаа дека овој автомобил ќе се произведува во словенечката фабрика на „Рено“ во Ново Место.
„Ампер“, кој и официјално ќе се оддели од „Рено“ напролет, планира да исфрли шест нови електрични возила до 2030 година. Првиот модел треба да се појави на пазарот во 2026.
„Ампер“ планира да произведува 600.000 електрични возила во 2026, што треба да се зголеми на еден милион во 2031. „Рено“ лани продаде помалку од 50.000 примероци на електричните верзии на „меган“ и „кангу“.
(Фото: Рено)