ФИЛХАРМОНИЈАТА ПРЕМИЕРНО ЌЕ ГО ИЗВЕДЕ КОНЦЕРТОТ ЗА ДЕЦА „ОЛОВНОТО ВОЈНИЧЕ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (15 ноември) од 12 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе одржи концерт за деца насловен „Оловното војниче“, со музика од македонскиот композитор Филип Иванов. Диригент е Борјан Цанев, а актерот Мартин Јордановски ќе биде наратор.

Од Филхармонијата велат дека им е драго што ќе свират музика инспирирана од најубавите приказни од Ханс Кристијан Андерсен, посветена на љубовта помеѓу две играчки. Премиерната изведба на ова музичко дело од Филип Иванов децата ќе ја проследат преку организирана посета од основните училишта.