Режисерот Сулејман Рушити и актерката Елизабета Клинчаревска-Младеновска, двајцата од Гостиварскиот театар, на 28 ноември ќе гостуваат во Народниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ во Тирана, како дел од претставата „Отворен пар” од италијанскиот драмски писател Дарио Фо.
Рушити ја режира оваа претстава, а Клинчаревска-Младеновска, која е вработена во Гостиварскиот театар, ќе глуми заедно со албанските актери Ромир Зала и Суела Бако. „Отворен пар” ќе игра и во театарот „Александар Мојсиу“ во Драч на 7 и 8 декември.