По Лондон, Тбилиси, Загреб и Ленгерих, пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери-Илкоска ќе имаат заеднички концерт в понеделник во Камерната сала на Филхармонијата. Концертот е насловен „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“, на кој Дино Имери ќе свири со камерниот оркестар „ИД“, а ќе диригира Имери- Илкоска.
На програмата се дела од Фредерик Шопен: Балада бр. 1 оп. 23 во Г-мол, Прелудиум оп. 28 бр. 4 и бр. 8, Валцер оп. 64 бр. 2 во Цис-мол, Валцер оп. 64 бр. 1 „Минутен“, „Херојска Полонеза“ оп. 53 во Ас-дур и Концерт за пијано и оркестар бр. 2. во Ф-мол.
Со концертот ќе се одбележи јубилејот 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Полска. Билетите се продаваат мреку мрежата на мktickets.mk и на нивните продажни места.