ЏОРЏ МАЈКЛ ОТСЕКОГАШ САКАШЕ ПЕСНАТА „МИНАТИОТ БОЖИК“ ДА БИДЕ НА ВРВОТ, КАЖА ЕНДРЈУ РИЏЛИ ОД ДУОТО „ВЕМ“

Лондон, (Би-Би-Си)

„Минатиот Божик“ (Last Christmas) песната на групата „Вем“ победи во трката за овогодишниот празничен број еден хит во светот, 39 години откако беше објавена.

Празничната класика го победи Сем Рајдер, а Мараја Кери е на третото место. Ова е првпат песната на Џорџ Мајкл и на Ендрју Риџли да биде број еден во божиќната недела.

„Прекрасно е, но се чувствувам засрамен што по толку години стасавме до таму“, изјави Риџли за Би-Би-Си.

„Џорџ Мајкл, кој почина во 2016 година, отсекогаш сакаше песната да биде хит број еден за Божик. Тој велеше дека секој голем текстописец треба да знае да напише божиќен хит по нарачка“, кажа Риџли.                                                     Фото: Гети