ПЕСНАТА „МИНАТИОТ БОЖИЌ“ ЗА ПРВПАТ ПО 36 ГОДИНИ НА ПРВО МЕСТО ВО БРИТАНИЈА

Лондон, (Скај)

Хитот „Минатиот Божиќ“ (Last Christmas) на групата „Wham“ по 36 години од излегувањето за првпат се најде на број еден на топ листите во Велика Британија.

Песната ја напиша Џорџ Мајкл, а беше објавена во 1984. Но,дури на четвртата годишнина на Мајкл на 25 декември, кој беше еден од коосновачите на групата, песната беше на прво место откако беше пуштена 9.2 милинони пати минатата недела.

Песната 11 пати била на топ листите, но на второто место била само пет недели во 1984 и уште еднаш во 2018.