Денес (недела) во Скпопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка, каде што претходно пријавени учесници облечени како Дедо мраз, трчаа низ Скопје.
Трката која ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ е долга два километри. Започна пред „Сити мол“ и имаше учесници од различни возрасти.
„За победниците доделивме награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби, без оглед на резултатот и освоеното место“, кажаа организаторите, здружението„Прв до врв“.
Пред и по трката имаше загревање со фитнес-инструктор и музичка програма.
Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ