УРУМЧИ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВА КНИГА НА РЕКОРДИ КАКО НАЈОДДАЛЕЧЕНИОТ ГРАД ОД МОРЕ

Кина, (Си-Ен-Ен)

Џунгарија е огромно подрачје во северозападна Кина каде што се наоѓа точка која е запишана во Гинисова книга на рекорди. Таа забележа дека таму се наоѓа најоддалечената копнена позиција од отворено море – 2.648 километри. Најблиските мора се Арктички Океан на северот, Индиски Океан на југот и Жолто Море на истокот.

Најголемиот град во тоа подрачје е Урумчи, чии жители живеат најдалеку во копнениот дел на Земјата, при што до најблискиот морски брег има над 2.500 километри.

Населението на Урумчи се состои од единствена мешавина на култури: двете главни етнички групи се Хан-Кинези и Ујгури, а тука живеат и Монголи, Казаси, Хуи и други. Со воз се стига до Пекинг за 30 до 37 часа.

Некои од обележјата на Урумчи се Црвениот Рид, кој нуди прекрасен поглед на градот, регионалниот музеј „Шјингџијанг“ и планинското езеро Тијаншан Тијанчи, сместено на надморска височина од 1.907 метри.